НАСА сними огромна „црна дупка“ на Сонцето (ВИДЕО)

Објавено: среда, 1 јуни 2016 во 13:07
Spread the love

Ултравиолетова слика од Сонцето, која ја направи опсерваторијата на НАСА Солар динамикс, прикажува голема „црна дупка“ на неговата површина.

Иако изгледа злокобно, нема причина за загриженост, велат научниците.

Таканаречената коронална дупка претставува области во Сончевата атмосфера со малку соларен материјал. Затоа имаат пониска температура и изгледаат многу потемно од своето опкружување.

Короналните дупки се видливи само под екстремна ултравиолетова светлина, која е невидлива за нашето око, но тука е обоена виолетово, за полесно да ги забележиме контрастите.

Во „црните дупки“ се раѓаат брзи соларни ветришта кои разнесуваат честички и до три пати побрзо отколку во другите области на короната.