Uncategorized

Министер: Многу сакам новинарки кои лесно клекнуваат!

Повеќе медиуми, агенции и портали побараа оставка или смена на министерот за одбрана на Србија Братислав Гашиќ и закажаа протест пред Владата на Србија за денес во 19 часот.

министер

Новинарите се вознемирени од кометарот на Гашиќ по повод гестот на новинарката на Б92 која клекна за да не им пречи на снимателите додека Гашиќ даваше изјава по посетата на компанијата Прва петолетка во Трстеник.

Новинарите се повикани да ги бојкотираат конференциите за медиумите и сите јавни настани на кои прируствува Братислав Гашиќ.

По коментарот „Сакам новинарки кои вака лесно клекнуваат“, како што оценуваат српските новинари- пример за уличарско однесување и речник, следуваше извинување од Гашиќ преку Твитер и сајтот на министерството за одбрана, но и остра реакција од премиерот на Србија Александар Вучиќ.

Вучиќ порача дека е шокиран од однесувањето на Гашиќ и дека нема зборови кои би можеле да го правдаат.

Постапката на Гашиќ наиде на остра осуда и реакција на многу новинари. Меѓу нив и Јована Глигоријевиќ која пишува за денелникот Време. Таа започна и кампања „NovinarkNeKlece“.

Поврзани вести

Back to top button