Мигрантите тргнале во судир со мачети, шипки и цевки
Полицијата во Дуисбург не навела детали за националната припадност, велејќи дека меѓу приведените имало луѓе со германско, турско и либанско државјанство. Уште не се знае причината за судирот.
Полицијата во западногерманскиот град Дуисбург спречила масовна тепачка на две групи мигранти, соопштено е денес.
“Полицијата ја доведе ситуацијата под контрола и спречи многу потешки судири”, рекол еден полицаец.
При спречувањето на судирот насилниците ја нападнале и полицијата, гаѓајќи ја со разни предмети, меѓу другото и солзавец. Приведени биле 50 луѓе, од кои 30 по сослушувањето биле пуштени на слобода.
Според пишувањето на локалните медиуми, мажите биле вооружени со мачети, метални шипки, па дури и метални цевки од правосмукалки.
Полицијата не навела детали за националната припадност, велејќи дека меѓу приведените имало луѓе со германско, турско и либанско државјанство.
Еден претставник на полицијата во Дуизбург за локалниот дневник “Der Westen” објаснил дека најверојатно станува збор за судир на спротивставени банди на Турци, Курди и Либанци. Нити еден од приведените не сакал да ја наведе причината за судирот.
Во Дуизбург, кој се бори со висок степен на невработеност, настанат по затворањето на тешката индустрија, и претходно биле забележани судири на спротивставени