Свет

Меркел поразена: Голем успех на партијата чија претседателка порача дека ако има потреба, треба да се пука кон мигрантите

Демохристијаните (CDU) на германската канцеларка Ангела Меркел претрпеа значајни загуби на изборите кои вчера беа одржани во три сојузни германски покраини. CDU се поразени во две!

germanija-poraz-merkel-migranti-tocka-2016-01 (1)

Антимиграциската десничарска Алтернатива за Германија (AfD) забележа историски успех, пренесуваат германските медиуми. Изборите биле одржани во три различни германски покраини, со сосема различно гласачко тело, пренесува Дојче Веле.

CDU загуби во две од три држави забележувајќи најнизок резултат во своето „упориште“ Баден-Виртемберг каде што победија „Зелените“.

Во уште една западна покраина Рајн-Палатинат премиерката од Социјалдемократската партија (SPD), Мала Драјер успеа да остане на својата функција откако нејзината партија со 37,5% успеа да ја порази владеачката CDU која забележа 33% од гласовите.

Во источната покраина Саксонија-Анхалт состојбата е сосема поинаква: CDU и натаму е најсилна партија со 30 проценти поддршка, но AfD посебно профитираше и пратениците на оваа десничарска партија ќе влезат во покраинскиот парламент со 22%.

Секако, најголем победник на изборите е AfD, партијата која што доби „ветар во грб“ од бегалската криза и чија што претседателка, Фрауке Петри изјави дека доколку има потреба, на бегалците треба да им се пука на германските граници.

AfD настана пред минатите парламентарни избори во 2013-та година тогаш како партија, противник на монетарната унија, но партијата зајакна откако ја напушти првиот претседател и неколкумина влијателни либерали, а на нивно место дојдоа истакнати германски десничари и популисти.

Поврзани вести

Back to top button