Свет

Какви монструми пристигнаа во Европа?

Еден од сириските бунтовници кои со куршум во главата ладнокрвно убија седум припадници на сириската војска и сето тоа го снимија, пристигнал во Шведска заедно со останатите мигранти.

Шведските власти го уапсиле под обвинение за сторено воено злосторство. Станува збор за Хаисам Омар Сакханх. Швеѓаните соопштија дека Омар пристигнал во Шведска во 2013-та година и побарал азил, а тогаш дал да му бидат земени отпечатоци од прстите.

За време на истрагата, шведските власти откриле дека Омар Сакханх живеел некое време во Италија, во некој мал град во близина на Милано. Бил уапсен во февруари 2012-та година затоа што учествувал во насилствата против сириската амбасада. Успеал да побегне од Италија и им се приклучил на бунтовниците.

Отпечатоците на прстите одговарале со тие кои што ги имале Италијанците, а на фотографијата може да се види лево со кафеава јакна и калашњиков во рацете.

Ако го осудат во Шведска му се заканува доживотен затвор, а Италијанците „го бркале“ поради насилства кон Сиријците кои јавно го поддржувале сирискиот претседател Башар Ал Асад.

Снимката од ликвидацијата на која што се наоѓа мигрантот за прв пат ја објави New York Times во 2013-та година, а американскиот медиум соопшти дека ликвидацијата се случила во сирискиот град Идлиб.

Поврзани вести

Back to top button