Мало детенце собра 8.700 денари свирејќи на плоштад… и сите ги донира за малата Ели
Објавено:
среда, 3 февруари 2016 во 09:42
Кога малите деца се воспитани на правилен начин, тие знаат да ни одржат драгоцени лекции. Мало Македонче, кое со својата гитара собрало на плоштад 8.700 денари и ги донирало, ќе ве инспирира да се вклучите во хуманитарни активности.На фотографијата, детенцето свири покрај натпис „Сите од срце за ЕЛИ“.
Убавиот гест на малиот фраер доби многу пофалби откако беше споделен од Ирена Мила на Facebook.
Заедно со фотографијата од доброто момче, таа ја сподели и пораката:

За малата Ели можете да донирате на телефоните:
Телефонски броеви за донации
- Т-Mobile: 070/ 143 111
- VIP: 077/ 143 775
- ONE: 075/ 143 114