Uncategorized
Македонска песна за Путин: Владимире куртулине од ЕУ, и од НАТО (ВИДЕО)
Песна посветена на рускиот претседател Владимир Путин „Заплакала Македонија за Путин” стана хит во земјата, пишува српски Ало.
Во песната која ја пее Александар Џепаровски, е искористена музиката од популарната песна од времето на Илинденското востание која во оригиналот се вика “Заплакало Мариово”.
Песната се однесува на рускиот претседател од кого се бара да дојде и да ја спаси Македонија од ЕУ, НАТО и САД, а наводно Путин возвраќа дека ќе го направи тоа, штом ќе ја заврши работата во Сирија и Турција.
Песната станува хит во текот на изборната кампања, а освен на социјалните мрежи, може да се слушне на локалните радио станици.
Во Македонија и на 24 април ќе се одржат предвремени парламентарни избори.