ЖивотИзбор на уредникот

Љубовта не бира а страста победува – Па зар тоа не е смислата на животот и личната среќа

Љубиша Самарџиќ ќе остане запаметен како еден од најголемите југословенски и српски актери, но и еден од оние со најпитома душа. За каков добродушен човек станува збор најдобро говорат неговите изјави и неговиот живот.

Љубовта не бира а страстта победува. Па зар тоа не е смислата на животот и личната среќа.

Секој човек во својот недовoлно долг живот е несреќен, ако не се сретнал со искрената љубов.

Занимавајќи се со филмската уметност сите овие години сватив дека вистинските уметници се интересираат, за поразените, понижените, несреќните, за сите оние кои живеаат во потешкотија, чемер и јад.

После се што сум открил и осетил во овој мој живот, вистина е дека се е ситно и безначајно освен човекот. Најважно нешто што научив од филмот е да и самиот бидам подобар човек и на светот гледам со потопли очи.

Денешните гернерации се помалку изгубени. Тој либерален капитализам е самиот по себе крив. Нема милост. Капиталистот за момент ќе ве исфрли на улица. Не го сакам тој систем. Јас сум сепак рударско дете и знам што значи рударскиот леб и секогаш сум го ценел. Како дете ја осетив сиромаштијата, но на тоа никогаш не сум гледал со чувство на јад и гнев, напротив тоа ме научи да размислувам, почитувам да се борам.

Денес државите не се секираат за човекот, а човекот треба да се сочува како капка вода на дланките.

Би сакал сите да се обединиме во некоја хармонична целина а не како без глави да итаме кон ЕУ или нешто друго.

Поврзани вести

Back to top button