Живот

Лицата кои недоволно спијат, имаат поголем ризик за инфекции

Лицата кои недоволно спијат, имаат поголем ризик за инфекции, утврдија истражувачи од Универзитетот Калифорнија.

Се покажало дека на лицата кои спијат просечно помалку од пет часа им се заканува 28 отсто поголем ризик за настинка.

Стручното списание „JAMA Internal Medicine“ пишува дека ризикот за грип, воспаление на увото или воспаление на белите дробови кај овие испираници бил зголемен за 80 отсто.

Лицата со нарушување во спиењето исто така имаат просечно двојно поголем ризик за инфекции во однос на лицата кои просечно спијат седум до осум часа.

Научниците веруваат дека ваквите наоди е можно да се објаснат со негативниот ефект на недостиг на сон на функцијата на Т-клетките на имунолошкиот систем.

Во седумгодишното истражување се користени податоци собрани од околу 23.000 испитаници на просечна возраст од 46 години.

Поврзани вести

Back to top button