Свет

Курдите во контраофанзива: Ја вратија контролата во еден град и продолжуваат да напредуваат! (ВИДЕО)

Курдските единици за заштита на народот ја презедоа контролата над Рас Ал-Аин после големата контра-офанзива откако градот беше заземен од турските сили на 12-ти октомври.

Како што пренесува руската новинска агенција „ТАСС“ која се повикува на локалните медиуми, Курдите и воружените про-турски милитанти водат интензивни борби во околината на градот.

Курдите сега се обидуваат да го ослободат и градот Тел Халаф кој е под контрола на таканаречената Слободна сириска војска, инаку составена од про-турски милитанти кои добиваат поддршка од Анкара. Станува збор за околу 14 илјади борци кои ги вооружи Турција, а тие во најголем дел досега беа дел од исламистичките вооружени сили на Муслиманското братство и Исламската држава.

Извештаи пристигнуваат дека моментално се водат жестоки битки во близина на пограничниот град Кобане кој се наоѓа на источниот брег на реката Еуфрат.

Во текот на вчерашниот ден Курдите го расипаа планот на турската армија да го пресече стратешкиот пат долж границата кој го поврзува економскиот центар Алепо со градот Ал Хасак. Нападот на турската армија и нивните исламистички сојузници бил успешно одбиен.

Инаку, во меѓувреме пристигнаа и припадниците на сириската армија кои што после договорот со Курдите, започнаа да се распоредуваат во провинцијата Ал Хасака, притоа заземајќи го стратешки најважниот град Манбиџ.

Поврзани вести

Back to top button