Свет

Која земја има најмоќен пасош?

Германците го поседуваат најмоќниот пасош, покажува новото истражување, а зад нив се Американците и Британците.

Истражувањето зема во предвид колку земји можат да бидат посетени без виза. Носителите на германски пасош можат да патуваат до 177 земји од можни 218. Британците имаат зелено светло за 175 држави, а Американците – за 174. Во 2015 година Велика Британија ја предводеше листата заедно со Германија, но неколку земји ги олеснија визните регулативи за германски државјани.

Сега Британија го дели третото место заедно со Франција, Италија, Шпанија и Финска. Со ист резултат со САД, пак, се Белгија, Данска и Холандија. Со бугарски пасош пак може да се патува до 153 држави.

Најневлијателниот пасош во светот му припаѓа на граѓаните на Авганистан, кои можат да патуваат само во 25 држави без виза.

„Генерално, имаше големи промени во класификацијата и само 21 земји од вкупно 199 ги задржаа претходните позиции. Сепак, ниту една земја не се поместува со повеќе од 3 позиции, што покажува дека слободниот пристап во светот се подобрува“, соопштуваат авторите на студијата.

Листата на Топ 10 на најмоќните пасоши изгледа вака:

1. Германија – 177 земји

2. Шведска – 176

3. Финска, Франција, Италија, Шпанија, Велика Британија – 175

4. Белгија, Данска, Холандија, САД – 174

5. Австрија, Јапонија , Сингапур – 173

6. Канада, Ирска, Кореја, Луксембург, Норвешка, Португалија, Швајцарија – 172

7. Грција, Нов Зеланд – 171

8. Австралија – 169

9. Малта – 168

10. Унгарија, Чешка, Исланд – 167

Топ 10 најнемоќни пасоши:

1. Авганистан – 25 земји

2. Пакистан – 29

3. Ирак – 30

4. Сомалија – 31

5. Сирија – 32

6. Либија – 36

7. Еритреја, Етиопија, Иран, Непал, Палестина, Судан – 37

8. Косово, Јужен Судан, Јемен – 38

9. Бангладеш, Конго, Либан, Шри Ланка – 39

10. Бурунди, Северна Кореја, Мјанмар – 42

Според оваа листа Македонците може да патуваат во 11 земји без виза.

Поврзани вести

Back to top button