Ќе возврати ли турската армија? Ракетиран турски град од правец на Сирија

Објавено: четврток, 10 март 2016 во 13:36
Spread the love

Турскиот град Килис бил ракетиран од правец на соседна Сирија при што биле убиени најмалку две лица од кои едното било дете.

Едно дете и уште едно возрасно лице биле убиени на просторот на турскиот град Килис откако градот бил погоден од ракета лансирана од правец на Сирија.

Оваа информација во текот на вчерашниот ден ја потврдија градоначалникот на градот Килис, Хасан Кара и останати високи турски функционери, а властите од Анкара веднаш реагираа и истакнаа дека зад нападите стои Исламската држава.

Според последните информации, вкупно 8 ракети паднале во непосредна близина на градската болница. Погодено било и резиденцијалната зона во близина на едно училиште. Турските медиуми пренесуваат дека ракетирањето резултирало и со уште две повредени лица.

Турскиот премиер Ахмет Давутоглу се огласи и порача дека зад нападите стојат терористите на Исламската држава, и истакна дека примирјето во Сирија е разнишано.

Да потсетиме, руските новинари снимија видео на турско-сириската граница на кое се гледа слободното движење на терористите од Ал Нусра Фронт и тврдат дека терористите намерно ја гранатираат територијата на Турција за да испровоцираат турска реакција и влегување на турската армија во Сирија.