Свет

„Касапот од Косово“ се врати на Балканот, прошетал и низ Македонија

“Касапот од Качаник”, односно Лавдрим Мухаџери (25), еден од најбараните таканаречени водачи на Исламската држава се вратил пред неколку месеци на Косово.

lavdrim2

Тој на широката јавност и е познат по ужасните слики од 2014 година, кога им ги сече главите на „предавниците“, пишува италијанскиот магазин „Еспресо“ повикувајќи се на разузнавачки извори.

Качаник, како што наведува весникот е косовско градче во кое се наоѓа еден од регрутните центри на Исламската држава додека Косово е еден од поважните расадници на ИД со околу 300 до 400 борци во Калифатот.

Мухаџери е забележан во Македонија во половната на ноември. Припадниците на италијанската служба за безбедност АИСЕ веднаш за тоа ги известиле локалните власти и противтерористичките единици во Косово, Албанија и Македонија.

-Меѓутоа џелатот остана без трага, наведува весникот.

Враќањето на Мухаџери на Балканот, според италијанските разузнавачи претставува многу сериозна закана не само за Балканот туку и за евроспките земји каде косовскиот џелат има контакти и може да организира напад. Инаку Стејт департментот го стави на списокот на терористи уште во 2014 година, наведува италијанскиот весник.

Косовскиот касап има разгранета мрежа на џихадисти.

-И не само тоа. Мухаџери одлично ги познава непријателите со оглед на тоа дека пред да стане џихадист работел во американската база Бондстил, а пред тоа за НАТО во Авганистан, пишува весникот.

За Мухаџери се пишуваше во ноември по апсењето на 19 терорсти кои подготвувале напади на Косово и во Албанија, меѓу другото и врз Израелците на пријателскиот натпревар со Албанија.

Тогаш е наведено дека уапсените од Сирија ги координирал токму Мухаџери. Меѓутоа шефот на ИД од Качаник сега најверојатно е дома, наведува „Еспресо“.

Италијанската разузнавачка служба се заинтересира за него кон крајот на 2015 година, кога во операцијата „Ван Дам“ е разбиена ќелија на ИСИС во Бреша, и откриени се врските на таа група со Мухаџери.

Поврзани вести

Back to top button