Измамници демнат кај Солун: Не застанувајте никому, особено е опасно во недела

Објавено: вторник, 21 јуни 2016 во 13:33
Spread the love

Измамници кои бараат пари за бензин ги ограбуваат македонските туристи кои се враќаат кон Македонија на патот по обиколницата околу Солун, непосредно пред да свртат за граничниот премин.

Тие имаат посебна тактика со која прво ги предупредуваат туристите да застанат со своето возило, а потоа им објаснуваат дека „ненадејно“ им снемало бензин и итно им е потребна парична помош за да наполнат гориво. Притоа, ги убедуваат македонските туристи дека парите ќе им ги врати нивен деловен партнер, а како гаранција оставаат прстен што е обична бижутерија.

Ваквите ситуации се случуваат најмногу во неделите, кога е најголем бројот на туристи од Македонија што се враќаат дома.

Сторијата за Дневник ја раскажува скопјанецот Горан Стојановски кој зборува дека завчера имал вакво искуство. Повеќе прочитајте во Дневник.