Исламската држава со нова закана до Балканот: Нападнете ги, нивната валкана крв нека тече низ улиците
Пропагандистите на таканаречената Исламска држава, во последното издание на магазинот на ИСИС – „Румијах“, ги повикуваат своите следбеници да започнат да ги убиваат сите оние кои што не веруваат во Алах.
Тие сакаат нивните симпатизери на Балканскиот полуостров да земат пример од нивните „браќа од Истокот и Западот“ кои што веќе изведоа големи терористички напади во Европа и на Блискиот исток кои го потресоа целиот свет.
Покрај текстот, овој пат била објавена и фотографија на првиот човек на исламската заедница во Босна и Херцеговина, Хусеин Кавазовиќ, неговиот заменик Хусеин Смајиќ, како и други муфтии кои што се опишани како „муртедски (отпадници од Исламот)“ и се напоменува дека нивното убивање е подобро дури и од убивањето на вистинските кафири.
„Отсечете ги главите на тие муртеди, а најважни се главите на тие муфтии, затоа што како што не учи Алах, нема ништо повредно и поголемо кај него, од тоа да ги убивате тие кои што ја изменија неговата вера, тие кои што сакаат Исламот да биде убиен одвнатре“, стои во заканата.
„Ништо не ве спречува да ги убиете со придушувачи и нивните тела да ги распарчите со експлозивни направи, да ги напаѓате нивните куќи, да ги убивате пред нивните деца и жени… пролејте ја нивната валкана крв и таа нека тече низ улиците на Балканот“, стои во текстот кој е насловен „Ако се вратите, и ние ќе се вратиме“.