Живот

Има 70 години и тело на двојно помлада жена – Еве на што се должи тоа

Верувале или не, Каролин Харц има 70 години, но на прв поглед никој не би поверувал дека се наоѓа во осмата деценија од животот. Својот младешки изглед таа вели дека го должи на исфрлањето на шеќерот веќе три децении.

По долгата борба со зависноста од благо, Каролин решила да направи промени во исхраната.

„Веќе 28 години не внесувам шеќери. На почетокот беше тешко, бидејќи бев зависник од благо, а сега верувам дека тоа е најважната причина за моето совршено здравје и добра форма. Внимавам многу да внесувам протеини во текот на секој оброк, особено за појадок. Тоа го намалува гладот“, објаснува Каролин.

Напоменува да не се откажете од омилената храна, но многу да се внимава на количината што се внесува и што повеќе активности. На крајот, таа додава дека една од најважните работи за добриот изглед е позитивниот став кон животот.

Што мислиш ти?

Поврзани вести

Back to top button