Има 26 години и две деца, сега очекува уште 5 – одеднаш!
Ким Тучи од Австралија со сопругот има две ќерки. Во обид да добијат син, таа по сосема природен пат забременува уште еднаш. Лекарите прво мислеле дека ќе добие близнаци. По вториот ултразвук станало јасно дека се слушаат пет различни биења на срца!
Ким на својот блог детално известува за тешкиот пат ког го поминува со пет бебиња во себе.
– Од ден во ден се потешко ми е да ја поднесам болката, секој дел од телото ме боли, и спиењето ми е неподносливо. Ги менувам тие перници што ќе му помогнат на мојот грб. Имам многу стрии, многу тешко ја поднесувам оваа промена на телото. Сопругот ме потсетува да бидам горда на тоа што сум го постигнала. Но дали сето ова вреди за трудот? Да! И ќе продолжам да туркам понатаму – вели Ким.Таа во 29-тата недела од бременоста внесува по 6 000 калории дневно, а ноќе по 12 пати станува да оди во тоалет.
Блогот на Ким го следат 120 000 чтатели, во најголем дел млади мајки кои поминале слични маки. Најважно е што сите 5 бебиња се сосема здрави и добро се развиваат.