Избор на уредникотМакедонијаТоп

Илјадници вработени во МВР неспособни да ги пронајдат хулиганите кои го вандализираа манастирот „Св Атанасиј“

Полицијата сè уште не може или не сака да ги пронајде сторителите хулиганите кои го вандализираа манастирот „Св Атанасиј“ на тетовското Кале.

Пред 6 дена Тетовско-гостиварската епархија на МПЦ соопшти дека пријавила во полиција упад на манастирскиот имот „Св Атанасиј“ на тетовското Кале. Во упадот оштетена е црквата, искршени се сите прозорци и направена е сериозна материјална штета.

Посочуваат дека ова се случува нецели десет дена по претходното пријавување на упад во манастирот и сквернавење на црквата со декорации од знаме на друга држава.

– Ова е време на големиот пост кога христијаните се подготвуваат за Христовото Воскреснување, а нашите сограѓани муслимани се во рамазански пости, па оттаму сметаме дека ова би требало да е време за преиспитување, созревање и будење на човечност, соопшти тогаш Тетовско-гостиварската епархија.

Инцидентот беше потврден и од МВР.

Според информациите од МВР, во периодот од 20 до 30 март, во црквата, непознати лица го скршиле катанецот на влезната врата, ги скршиле стаклата на прозорците, но не одзеле ништо.

– Увид извршила увидна екипа на СВР Тетово. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, информираа тогаш од МВР.

Поврзани вести

Back to top button