Идентификуван и вториот напаѓач во француската црква

Објавено: четврток, 28 јули 2016 во 10:44
Spread the love

Француската полиција успеа да го идентификува и вториот напаѓач во црквата во северниот дел на Франција пред два дена.

Тоа е 19-годишниот Абдел-Малик Набил Петижан, кој е роден во гратче во источниот дел на Франција, во близина на границата со Германија. Тој се наоѓал на списокот на осомничени, кои се поврзани со исламски екстремисти и кои претставувале закана за националната безбедност на Франција.

Безбедносните служби во јуни отвориле досие за Петижан, во кое се наведува дека тој почнал да се радикализира. Според Владата, во Франција има околу 10.500 такви луѓе.

Птижан и неговиот претходно идентификуван соучесник Адел Кермиш, исто така 19-годишен, во вторникот зедоа заложници во католичка црква во Нормандија за време на утринска литургија и го убија свештеникот, а еден заложник биеше тешко повреден. Во полициската акција за ослободување на заложниците двајцата терористи беа убиени.