Свет

ИД преку видео-снимка повикува на џихад

Исламска држава денеска на социјалните мрежи објави видео-снимка со која ги повикува своите поддржувачи да прогласат победа и да водат џихад по нападите во Брисел, за кои ИД презеде одговорност.

Во видео-пораката се наведува дека Белгија е дел од меѓународната коалиција предводена од САД, која се бори против ИД во Сирија и во Ирак.

Видео-снимката има кадри и од обуката на белгиските џихадисти, кои ги извршија нападите во Париз на 13 ноември, во кои загинаа 130 луѓе. ИД презеде одговорност и за минатогодишните напади во Париз.

Поврзани вести

Back to top button