Грешка на такси компанијата го спаси Брисел

Објавено: среда, 23 март 2016 во 15:38
Spread the love

Тројцата терористи кои се одговорни за крвавиот пир во Брисел се упатиле кон аеродромот Завентем со такси. Имено, тие побарале од такси компанијата да ги земе комбе, но бидејќи диспечерот не разбрал точно по нив дошол „седан“. Како што пренесува белгискиот портал „Dhnet“, терористите поради оваа грешка морале да земат со себе само дел од експлозивот и другиот материјал планирани за нападот.

Тоа го потврдува и рацијата која полицијата ја спроведе синоќа во градот Шарбек. пронајдена  е и четврта бомба која била мошне моќна и со голем степен на ризик внимателно била демонтирана. Доколку таа бомба била активирана на аеродромот Завентем можела да го разнесе целиот блок.

Полицијата соопшти дека бомбата е направена во „домашна работилница“.