Престрелка во Чаир помеѓу две вооружени групи

Објавено: среда, 23 март 2016 во 15:30
Spread the love

Вчера околу 14.00 часот во ЕИК-Скопје било пријавено дека на ул. „Дижонска“ од залутано зрно повреден е С.И., кој е пренесен во Ургентен центар-Скопје.

Исто така, било пријавено дека најверојатно во престрелка помеѓу две групи е пукано од огнено оружје.

На местото на настанот пронајдени се неколку чаури и два неиспукани куршуми.

Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.