БизнисИзбор на уредникотТоп

Граѓаните прашуваат: Ако се увезат странски работници, ќе се увезат ли и политичари, министри, газди и судии?

Додека од државниот врв се засилуваат најавите за увоз на работна сила од странство, оваа идеја се дочека  во земјата со скептицизам, па и со отпор – како нешто што нема да ги реши проблемите на Македонија во економијата, туку напротив – ќе создаде нови. „Независен“ спроведе анкета на својата страница “Понуди за работа.мк“ на оваа тема што привлече многу реакции, а ставот на тие што реагираа најчесто беше – кој е тој посиромашен од нас да дојде во Македонија да работи за минимална плата од 300 евра?

За вицепремиерот Фатмир Битиќи  увозот на работна сила е неминовност бидејќи во државава, практично не постои компанија која не се бори со недостаток на работна сила.

„На пазарот на труд има недостаток на работна сила и мора да одговориме на тој предизвик ако сакаме да имаме забрзан економски раст. Моја заложба е на пролет оваа година да ја отвориме целосно дискусијата како и Оперативниот план за вработување за квотата за странци во нашата земја. Сметам дека е време да го отвориме нашиот пазар на труд, со цел, зголемување на конкурентноста, а знаеме дека за зголемување на конкурентноста клучен е човечкиот фактор“ порача неодамна Битиќи.

Од Стопанската комора, пак, која води правна битка недела да не биде неработен ден преку Уставниот суд, порачаа дека се согласни со барањето да се зголемат квотите за увоз на работна сила, но прашуваат: Што е со нашите вундеркиндзи кои ги испративме на државна сметка на најпрестижните универзитети, а кои никако да се вратат и да ѝ помогнат на државата? Каде се тие сега и за што се потрошени 150 милиони денари годишно, т.е. 1,5 милијарди денари за 10 години? Некој ќе рече дека увозот на работна сила подразбира дреари, тесари, заварувачи, но не е лошо да се провери бројката на издадени дозволи за странски менаџери, а потоа да се објави како стојат работите на овој план.

Што мислат за тоа вработените и невработените во Македонија, покажа нашата анкета, во која тие со сарказам порачуваат дека не можат да поминат на граница од редици странски работници што сакаат да дојдат кај нас, дека за десет години ако дојдат Авганистанци, Пакистанци, африканци Македонија ќе ја снема, а сите може и да побараат да влезат во Устав, дека ако имаат партиски книшки можат да увезат работници од странство, дека можеби е подобро да се увезат судии, министри и други политичари, дека газдите бараат работници од странство бидејќи не можат да најдат „робови“ тука, до главната порака – платете не нас, за да не бегаме во странство.  Еве ги одговорите на прашањето „Дали ни треба увоз на странски работници во Македонија“?

-Увезете, што чекате ама да им ги дадете истите услови како на нас, работа од утро до мрак,без одмор, без празник, мизерна дневница, мизерни услови за работа, плата која доцни постојано и со ставање до знаење дека никогаш не сме сработиле доволно…да не набројувам повеќе…

-А, може ли да се вратат “ нашите бугари “ кои се на печалба во странство и да си ја сакаат најмногу оваа заедничка ( и за нас и за нив ) сиромашна, презадолжена Македонија.

– Одговорот на ова прашање е НЕ. Нека се помогне на фирмите за да можат и работодавците да ги наградат работниците.

-Да, треба, само ако може со купени дипломи за администрација и по можност столчиња да си носат.

-Нашите си заминаа од оваа бедотија и понижување, сега ке сме носеле од надвор.

-Па кога јас би се прашувал најпрво би увезол странски пратеници за во парламент, и тие да ни ја водат државата и економијата.

-Ако ги платите добро нашите работници, НЕ ТРЕБА.

-Ако увеземе работници,за неколку години во Македонија се ке има само македонци ќе нема.

-Треба либерален пазар на понуда и потрошувачка…Со олигархија и рекет, работниците ништо не значат.Тие истовремено се и потрошувачи, кои плакаат се што ја формира цената.…

-А, дали ќе се увезуваат политичари, пратеници, министри, доктори може и премиер, за управни одбори, амбасадори па и претседател на држава?На здравје Македонијо, каква си таква си, но наша си. Само до кога?

– Не треба, нашите граѓани и работници да ги наградите за нивниот труд.

-За минималецот од 18.000 евра еве гледам чекаат на граница да влезат.

-Ајде увезете. С амо рачунајте дека со платата треба да си плаќаат и кирија 200 евра. Тие 300 евра основна + 200 евра кирија се 500 евра плата. Имот немаат , мора некаде да живеат, со 18.000 не се оди под кирија. Овде ептен имаме среќа што родителите се тука …

-Ако има од нашата посиромашна земја, може…

-Не брат, има тука работници, само треба да се платат, никој не работи  веќе за џабе..

-Никако странски работници само нова влада идобро да ги плаќа нашите нема да бегаат од Македонија.

-Нека се отворат границите да се иселиме сите Македонци, па увезете и вонземјани.

-Не треба да се увезува, нашите бегаат а ние ке увезуваме. Нека ги платат добро нашите работници, нема да си одат од нивното огниште да работаат во друга држава како робови ден и ноќ за да опстанат и да носат бенефит за други просперитетни земји.Крај, толку.

-Јас вчера ја поминав едвај границата. Илјадници Швеѓани, Германци чекаат да влезат да работат кај нас, би требало да ги примиме, гревота се.

-Не. Тоа одговара само на алчните работодавци кои сакаат робови, некој што е спремен да работи само за да преживее.

-Нема потреба, само треба нашите газди да си го намалат профитот и да ги плаќаат тие што ги имаат, да си речат доста е, не можеме секој месец нови вработени, ќе ги покачиме платите на нашите…

-Ако било добро нема да се иселуваат Македонците и Албанците.Бегаат луѓе од сите националности. Работниците ни се арни, само политичарите не ни се арни и ако може политичари да увеземе кои ќе ја оправат оваа држава…по можност од Исланд.

-Треба сите од Парламентот и од јавната администрација кои лежат по цел ден да се ангажираат и ќе нема потреба да се увезуваат работници.

-Треба да увеземе странски политичари и газди што ќе платат вистинска цена на трудот.

-Кажете ги со име и со презиме тие што ќе се нафатат за овие пари да работат кај нас, со нив да плаќаат кирија и сметки и да им останат за јадење.Сигурно се маѓионичари.

-Нема потреба од странски работници, имаме тука и ние професионалци, само треба добро да се платат. Нашите низ цел свет работат за подобра плата и зошто нашата држава да вработува од надвор? Дајте подобри плати и проблемот е решен.

-Нека ме мачат малку нашите бизнисмени  и нека ги изгубат тие на кои досега не им плаќаа данок, придонеси и се останато.

-Не ни треба увоз, имаме квалитетен  кадар, ама од овие неспособниве не можат ни да се вработат.

-Увезете Кинези, и онака многу ги има.

Нема потреба да увезувате, зачувајте ги нашите. Средете го законот за работничките права. Вака ја празните Македонија, ја осиромашувате, си оди од младо до старо…

– Среќна нова 49 та, Алчни газди, филипински плати, никакви работни услови, добиваат само странски фирми, епилог – пола Македонија се исели.

-Треба да увеземе странски менаџери што почитуваат работник и договор и закон.

-Донесете Кубанци и Еквадорци, може они ќе бидат задоволни од бедните плати и услови.

-Видете прво на Бирото за вработување колкава е армијата невработени!

-Кај нас поминаа 5.500.000 Сиријци, Авганистанци,Пакистанци, африканци. Колку останаа-нула!

-Еми, кога не можеме да ги увеземе нашите!

-Ако се увезат работници, сто насто ќе се смени државата и ќе биде Поранешна Македонија.

-Увезете, тие работеле од можни 31 дури 35 дена во месецот.

-Увезете, нека види светот што се трпиме ние тука.

-Дури тогашп ќе се уверите колку чини работниот час.

-Газдите мора да увезат работници од некаде за да им работат фирмите.Нема кого да искористуваат за џабе, сите заминаа од оваа „оаза на ропството“.

-Не да увеземе работници туку да ги извеземе политичарите, криминалците и алчните сопственици.

-Нека поработат они, да поуживаме ние малку.

-Ене ги гледам нозе испокршија да дојдат во Македонија.

-Подобро увезете судии од Северна Кореја.

-Да, уште 150.000 од Косово.

-Ни ја избркаа младината, сега ќе “увезуваат” работници? Која бесмисленост, кој парадокс.

-Има многи за избирање во јавната администрација.

-Ако имаат партиска книшка, треба да ги увезете.

-И сите тие ќе бараат да влезат во Уставот. Не.

-Ред се редат, ќе се истепат кој попрв да дојде оти платите ни се европски, да пукнеш од смеа.

-Ќе дојдат, ако работат за без пари…

-Не да увеземе, туку да извеземе македонски политичари…

-Да увеземе, ама да се одберат убаво луѓе што нема да јадат, пијат и спијат, само да работат.

-Надлежните и бизнисмените , треба да се замислат пред да одлучат,за да не станеме како Франција и други некои во кои Французи се 10%,ра Арапи 90%.

-Проблемот е во тоа што на нашите газди не им се потребни Работници, туку Робови кои ќе работат само колку за личното богатење на газдите.

-Да, ќе дојдат од Конго,Чад, Бурунди, Нигер, Судан…

-Македонците нека одат на печалба, а овде да се населат Авганистанци, Пакистанци , Сиријци и од цела Азија. Тоа е целта на западниве…

-Сигурно треба да се донесат странски работници бидејќи многу фирми немаат доволен број. Има многу барања за работа во Македонија од Филипини, Бангладеш, Виетнам, Индонезија, Малезија…Таму се без работа…

-ЕЕЕ ТУКУ НИ ТРЕБА УВОЗНИ ПОЛИТИЧАРИ ОБВИНИТЕЛИ И СУДИИ!!!

-Работници имаме но овие горенаведените ги избркаа…

-Ако увезите Непалци, Филипинци и други мигранти за 10 години македонскиот јазик ќе замине во историја,  а Македонци дефинитивно ќе нема…

-Платете го работникот, не си играјте мајтап…

-Барајте работници што не се разболуваат. Зашто нашите газди се нездрави и бараат работници кои не одат на боледување.

-А да не платите нас?

ИЗВОР: ПОНУДА ЗА РАБОТА

Поврзани вести

Back to top button