ЖивотИзбор на уредникот

Го продава сребрениот медал од Рио за да помогне на болно дете

Полскиот фрлач на диск, Пјотр Малачовски, одлучи да го продаде сребрениот олимписки медал од Рио за да помогне да се соберат пари за лекување на болно дете.

Сите пари од продажбата на медалот ќе бидат наменети за лекување на тригодишниот Олег Шимански кој боледува од ретинобластом, редок облик на рак на окото и на кој му требаат 126 илјади долари за неговото лекување во Њујорк.

„Во Рио се борев за злато. Денеска ги повикувам сите луѓе да се бориме заедно за нешто што е уште повредно. За здравјето на ова прекрасно детенце. Моето сребро нему може да му биде повеќе од злато“- напиша на Фејсбук 33-годишниот Малачовски кој со години е најдобар светски фрлач на диск, а со овој гест покажа дека е и спортист со големо срце.

olimpiec2

Поврзани вести

Back to top button