Пратениците на Алтернативата за Германија (АФД) во Бундестагот поднесоа барање во кое бараат Берлин да го повлече признавањето на Косово. Според нив лажната држава Косово е пропадната.
– Лажната држава Косово пропадна – настаната по илегалната агресија на НАТО врз СР Југославија (1999) и по едностраното прогласување независност во 2008 година без референдум, истовремено толерирајќи протерување на стотици илјади Срби, Евреи и други не -Албанци и непочитувањето на волјата на српското малцинство на север „Косово, кое го признаа многу земји, не само што е најсиромашната „држава“ на Западен Балкан, туку и втора најсиромашна „држава“ во Европа, по Молдавија “, се наведуваат во барањето, а пишува Политика.рс.
Тие наведуваат и дека невработеноста кај младите во Косово е речиси 60 отсто, а вкупната невработеност покрива речиси една третина од населението.
– Најголемиот број европски џихадисти (по глава на жител) во Сирија доаѓаат од Косово, се предупредува во барањето потпишано од пратениците Петр Бистрон, Маркус Фронмаер, Тина Крупале, Еуген Шмит, д-р Александра Гауланд, Стефан Којтер, Стефан Котре и Матијас Моцдорф.
Тие укажуваат и дека поранешниот премиер на Косово, кој се занимавал со шверц на хероин и трговија со органи, поранешниот лидер на ОВК, Хашим Тачи, е обвинет пред Специјалниот суд за Косово во Хаг.
Од АфД посочуваат и дека владата во Косово ја предводи националистичката партија Самоопределување на премиерот Албин Курти, која во својата програма предвидува создавање на „Голема Албанија“ преку припојување на Косово кон Албанија, со потенцирање дека „Голема Албанија“, која се состои од Албанија, Косово, Прешевската долина на југот на Србија, која е населена со Албанци, западна Македонија и дел од Црна Гора“, станува сè попопуларна меѓу Албанците, пренесува Косово онлајн.
Тие забележуваат и дека правата на српското малцинство на Косово не се почитуваат, а од 1999 година досега се протерани 220.000 Срби, додека вкупно 150 српски цркви и манастири на Косово се уништени.
– Според извештајот на американскиот Стејт департмент за верските слободи, на Косово се евидентирани голем број инциденти и дискриминација на Српската православна црква. Меѓу другото, на СПЦ не и ги признаваат ни имотните права. Според мрежата „Европа Ностра“, манастирот Високи Дечани, кој УНЕСКО го прогласи за светско културно наследство во 2004 година, е меѓу седумте најзагрозени културни споменици во Европа, се наведува во барањето.
Се посочува и дека до денес косовските власти го блокираат формирањето на Заедницата на општини со српско мнозинство, што беше договорено уште во 2013 година како дел од политичкиот дијалог меѓу Србија и Косово.
– Во исто време, дури и косовските набљудувачи забележуваат дека тоа беше еден од централните елементи на договорот од април 2013 година. Така, позицијата на српското малцинство во Косово останува неизвесна, како и досега. Според податоците на српската влада, од 2021 година на Косово се забележани 278 етнички мотивирани инциденти против српското малцинство, потсетува АфД.
– Токму затоа, врз основа на горенаведените факти, според мислењето на експертот за меѓународно право, проф. Матиас Хердеген, независноста на Косово е оспорена „поради сомневањата за сопствената ефективна државна моќ, потсетува АфД, додавајќи дека признавањето на државата не е поврзано само со постоењето на три карактеристики на државата – народ, територија и државна моќ – но, како што истакнува Хердеген, и до политичка одлука.
Пратениците на АфД посочуваат дека девет земји објавија дека го повлекуваат признавањето на независноста на Косово – Сомалија, Буркина Фасо, Габон, Есватини, Либија, Гвинеја, Антигва и Барбуда, Малдивите и Света Луција. Пратениците потенцираат и дека пет европски земји не го признаваат Косово – Грција, Шпанија, Романија, Република Кипар и Словачка.
– Иако Унгарија го призна Косово, во меѓународните организации гласа против Косово. Тоа се однесува и на евентуалниот прием на Косово во Советот на Европа, потсетуваат пратениците Бистрон, Фронмаер, Крупале, Шмит, Гауланд, Којер, Котре и Моцдорф.
Нивното барање наскоро би можело да биде предмет на расправа во Бундестагот.