Вкупно 15 лица се уапсени во голема акција на полицијата во Келн, пишуваат германските медиуми. Во акцијата учествувале 400 полицајци, меѓу уапсените е и шефот на албанската мафија.
Германската полиција, во текот на акцијата, извршила претрес во 54 станови и уапсила 11 мажи и 4 жени, за кои албанските медиуми тврдат дека се членови на албанската мафија во Келн. Германската полиција соопшти дека станува збор за банда која влече корени од поранешна Југославија.
Полицијата тврди дека поседува огромен број докази за криминалот на оваа група, вклучувајќи и шверц на кокаин и хероин вреден милиони евра, рекет и напади.
Овој клан изнајмил неколку станови во голема станбена зграда и во нив вселиле зависници од дрога, кои подоцна продавале кокаин и хероин.