Свет

Германија: 400 полицајци го апсеа шефот на албанската нарко мафија

Вкупно 15 лица се уапсени во голема акција на полицијата во Келн, пишуваат германските медиуми. Во акцијата учествувале 400 полицајци, меѓу уапсените е и шефот на албанската мафија.

apsene

Германската полиција, во текот на акцијата, извршила претрес во 54 станови и уапсила 11 мажи и 4 жени, за кои албанските медиуми тврдат дека се членови на албанската мафија во Келн. Германската полиција соопшти дека станува збор за банда која влече корени од поранешна Југославија.
Полицијата тврди дека поседува огромен број докази за криминалот на оваа група, вклучувајќи и шверц на кокаин и хероин вреден милиони евра, рекет и напади.
Овој клан изнајмил неколку станови во голема станбена зграда и во нив вселиле зависници од дрога, кои подоцна продавале кокаин и хероин.

Поврзани вести

Back to top button