Македонија

Генерал ја предупредил ЕУ: Терористите се одмараат на Балканот – па за час ќе дојдат кај нас!

Поранешниот началник на Генералштабот на Чешката Армија ја предупредил Европската Унија дека не посветува внимание на Западен Балкан и така дозволува во тој регион да одмараат терористи.
“Ние се занимаваме со сосема друг дел на Европа, значи Западна и Средна и Европа, а на Балканот, откако завршија војните во 90-тите години, престанавме да му обраќаме внимание, посебно на безбедноста”, рекол Јиржи Шедиви за чешките медиуми.

“Проблемот со Балканот е тоа што создава безбедна средина во која може да се етаблираат терористички ќелии, можат таму да се подготвуваат, можат да имаат свои логистички центри и позадина која им овозможува да се подготвуваат и истовреме да се одмараат од компликуваните операции во Западна Европа”, реко Шедиви.

Чешкиот генерал потсетил дека германската и австриската разузнавачка служба предупредуваат последните години дека Балканот се радикализира, а дека проблем создава и тоа што балканските муслимани се цел на разни исламски режими од Блискиот исток.

“Во време кога чешкиот контингент беше во Босна и Херцеговина со сопствени очи видовме како се дели хуманитарна помош. Во селата во Босна и Херцеговина уништени од бомбардирање, не се реновираа прво куќите, не се поправаше инфраструктурата, туку прво се обновија џамиите”, рекол генералот, кој и самиот е ветеран од босанската мисија на чешката армија.

Генералот Шедиви оценил дека денешните власти во БиХ и на Косово не се доволно ефикасни да излезат на крај со феноменот на исламистичка радикализација, кој се влече уште од војните во поранешна Југославија.
“Дали властите во тие земји се кадарни да излезат со тоа на крај? Не мислам дека тоа директно го поддржуваат, но сфаќаме дека таму ефиканоста и организацијата на владите се релативно мали. Типичен пример е Босна и Херцеговина, каде на територијата на државата имаат три страни – српска, бошњачка и хрватска, кои до ден денес немаат најдено заеднички јазик”.

Косово константно се мачи со економски проблеми, има и огромна невработеност. Тоа е плодна земја за радикализам кој константно зајакнува и се шири, рекол Шедиви.

Генералот предупредил дека токму за Чешка е важно да му посвети внимание на Балканот, затоа што исламските терористи, кога Западот драстично ќе ги засили мерките за безбедност, ќе се сврти кон други земји во средна Европа, каде немало напади и каде мерките за безбедност не се толку заострени, а Балканот е на само неколку часа со автомобил до Чешка.

“Едноставно мораме да знаеме што се случува во тие две земји. Во Босна и Херцеговина, на Косово и евентуално во Македонија. На тоа мора да посветиме еднакво внимание како на проблемот со тероризмот во Западна Европа”, рекол поранешниот началник на Генералштабот на чешката војска.

Поврзани вести

Back to top button