Свет
ФОТО: Војна во Приштина – полицијата и демонстрантите во жестоки судири
Седницата на косовскиот парламент, на која се расправаше за кандидатурата на Хашим Тачи за претседател на Косово денес е два пати прекината поради солзавец кој го активираше опозицијата, продолжена е попладне, по апсењето на пратеничката Шчипе Пантине, а пред зградата се судрија демонстрантите и полицијата.
До судирот дошло откако демонстрантите фрлале молотови коктели врз припадниците на полицијата. Полицијата, меѓу кои специјалци на единицата Роса, им возвратила со голема количина солзавец.
Платото пред парламентот на Косово поради солзавецот е во целосна магла. Полицијата за да ги растера демонстрантите користи оклопни возила и водени топови и се обидува да ги растера.