Фото: Мис Русија со Новак Ѓоковиќ на плажа во Дубаи

Објавено: четврток, 25 февруари 2016 во 16:09
Spread the love

Атрактивната Русинка Викторија Лопирева на социјалните мрежи се пофалила дека се запознала со најдобриот тенисер на светот, Новак Ѓоковиќ.

Лопирева неодамна била избрана за амбасадор на Светското првенство кое во 2018 година ќе биде  одржано во Русија. Таа е поранешна Мис на Русија, а се занимава со новинарство и манекенство.

mis

Атрактивната русинка на плажа во Дубаи го запознала Жоковиќ, кој игра на тениски турнир.

– Со мојот омилен тенисер и прекрасен човек. Среќно на турнирот – напишала Русинката под фотографијата.

Покрај Викторија и Новак на фотографијата се нејзина пријателка и Марк Стилитано, еден од најдобрите пријатели на првиот рекет на светот.