Американската војска тврди: “Носењето на хиџаб е пасивен тероризам”
Носењето на хиџаб претставува облик на “пасивен тероризам”, стои во документот на американската војска.
Во документот на Истражувачката лабораторија на американските воздухопловни сили под наслов “Спротивставување на насилниот екстремизам – Научни методи и стратегии”, стои и поглавје во кое се изнесени мислења за радикализацијата.
Британски Independent наведува дека, покрај коментарите за хиџабот, во текстот се тврди и дека поддршката на милитантите групи е поврзана со “недостиг на секс”.
Извештајот прв пат бил објавен во 2011. година, а текстот повторно го објавиле американските воздухопловни сили по соопштението на претседателот Обама за националната стратегија за борба против тероризмот.
На почетокот на годината била објавена ревидирана копија на јавно достапната интернет страница “Јавна разузнавачка служба”.
Автори на бројните статии од документот се академици и истражувачи од областа за борба против тероризмот.
Поглавјето за тоа дека хиџабот е “облик на пасивен тероризам” го напишал доктор Тауфик Хамид, некогашен екстремист и соработник на Институтот за политички студии “Potomac”.
“Екстремизмот настанува кога голем број на жени носат хиџаб, кој е симптом на ширење на салафизам и катализатор на исламот. Ширењето на милитантниот салафизам и хиџабот предизвикуваат идеја за пасивен тероризам, кој се случува кога умерени сегменти од населението одбиваат да зборуваат против тероризмот или да пружат активен отпор”, вели доктор Хамид.
Тој наведува и дека, од сопственото искуство со радикалните групации, верува дека младите муслимани се мотивирани да им се приклучат на џихадистите поради недостиг на секс.