Живот

Фото: Ана Ивановиќ на венчавката носела венчален фустан од 275 евра?!

Српската тенисерка Ана Ивановиќ и германскиот фудбалер Бастијан Швајнштајгер се венчаа вчера во Венеција. Нивната венчавка до детали беше проследена од медиумите, иако двојката не сакала толку голем публицитет.

Српската тенисерка на церемонијата носеше долг бел фустан поради кој доби многу пофалби, бидејќи изгледаше многу едноставно и ја истакнуваше  нејзината совршена линија.

Но се утврдило дека фустанот не е многу скап и наводно е произведен од канaдскиот бенд „Револве“, а неговата цена изнесува околу 275 евра.

Ana Ivanovic(5)

Што се однесува до накитот, српската убавица исто така се одлучила за умереност, па не носеше впечатлив накит.  Ниту нејзината фриузра на беше многу гламурозна –  косата ѝ беше пуштена, со брановидни прамени, а тоа уште повеќе ја нагласуваше едноставноста на нејзиниот изглед.

Од друга страна , Швајнштајгер бил облечен во елегантен костум во темно сина боја и бела кошула, а не носеше ниту кравата ниту пеперутка. По венчавката и краткиот меден месец, Ана ќе им се посвети на подготвките за настапот на Олимписките игри во Рио, а нејзиниот избраник ќе им се посвети на обврските во дресот на „Манчестер Јунајтед“.

Поврзани вести

Back to top button