Формирање православен сојуз: ЦИА и Стратфор најавуваат крај на ЕУ
ЦИА и американската невладина организација Стратфор прогнозирале распад на денешната ЕУ на неколку групи. Стара и нова Европа. Новата треба да се насочи кон САД и да претставува сојуз на православни земји.
Западниот блок или стара Европа би била во состав на Франција, Германија, Велика Британија, Австрија, Шпанија, Португалија, Италија, Шведска, Норвешка и Финска.
Нова Европа би била составена од Литванија, Естонија, Летонија, земјите од Вишеградската група, Словенија (денес тука би била и Хрватска), а тој би се наоѓал под германски економски и американски воен патронат.
Третиот блок би претставувал балканска конфедерација која би била составена од православните земји Србија, Романија, Бугарија, Македонија и Грција. На овој блок би припаѓала и Босна и Херцеговина и Албанија.
Многу експерти истакнуваат дека ова предвидување треба да се сфати сериозно и дека истото потсетува на она во осумдесеттите години од минатиот век кога ЦИА најавила распад на тогашната СФРЈ.
Слични предвидувања изнесуваат и американската невладина организација Стратфор.
Во оваа невладина организација сметаат дека ЕУ наскоро може да се распадне на два дела: богатиот Запад и група мали земји од Централна Европа, на која воено ќе се приклучи и САД.
И тие предвидуваат создавање православна унија (Византија). Тој сојуз, како што наведуваат, ќе биде „гасна унија”, чиј основен мотив на формирање ќе бидат парите.
Геополитичките експерти се согласни дека дошло време на повеќеблоковски систем со неколку центри на моќ, и дека САД и НАТО нема повеќе да ја имаат главната улога на светската сцена.
Распадот на ЕУ најмногу ќе им одговара на САД и Русија, наведуваат некои портали за политичка аналитика.
Брегзит и пристигнувањето на Доналд Трамп на чело со САД можат да се видат како јасно забрзување на предвидениот распад на ЕУ.