Свет

Ердоган ги обвини САД дека направиле базен со крв

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска ги критикуваше САД заради поддршката на курдската Партија за демократско единство (PYD) во Сирија, истакнувајќи дека регионот е претворен во „базен со крв“ заради неспособноста  на Вашингтон да ја разбере вистинската природа на оваа група.

– Еј, Америко…бидејќи никогаш не призна дека се терористички групи, регионот се претвори во базен со крв, рече Ердоган, мислелќи на PYD и припадниците на курдските Единици за народна заштита (YPG).

Турција оваа сириска курдска партија ја смета за терористичка организација, потсетува Танјуг.

– Дали сте на нашата или страната на терористите од PYD и Работничката партија на Курдистан (ПКК), праша Ердоган.

Анкара тврди дека курдските групи во Сирија се само огранок на ПКК, која САД ја сметаат за терористичка група и која изминатите месеци изведе серија смртоносни напади во Турција, наведуваат француските медиуми.

-Дали има разлика меѓу ПКК и PYD? Имаме пишани докази. Им кажуваме на Американците – тоа е терористичка група. Но, Американците велат  – не, ние така не ги гледаме, рече Ердоган.

Турција вчера го повика американскиот амбасадор да му ја изрази својата загриженост, само еден ден откако портпаролот на Стејт департментот изјави дека, за разлика од Анкара, Вашингтон не ги смета силите на сириските Курди за терористи.

Ова прашање доведе до тензии во односите меѓу двата сојузника, а турскиот претседател Ердоган дури го повика Вашингтон да избере меѓу Турција и курдската Партија за демократска унија.

Поврзани вести

Back to top button