Свет
Емигрант силувал девојка во Германија, а нејзиното момче морало да гледа
Емигрант од Гана, со мачета во рака нападнал момче и девојка минатата недела, половина час после полноќ.
Напаѓачот ја извлекол 23-годишната девојка од шаторот и под закана дека ќе ѝ го пресече вратот, го натерал нејзиното 26-годишно момче да гледа додека тој се изживувал сексуално врз неа. Откако завршил со нападот, мигрантот избегал, а момчето и девојката повикале полиција.
После еднонеделна потрага, германската полиција вчера го нашла и го уапсила мигрантот, кој во меѓувреме повторно се обидел да нападне други млади луѓе, кои исто така биле на пикник во природа.
Напаѓачот, 31-годишен, имал поднесено барање за азил, а при апсењето се обидел да ѝ избега на полицијата, но бргу бил фатен.