„ДВОГЛАВИОТ ОРЕЛ – ХРИСТИЈАНСКИОТ СИМБОЛ КОЈ СТАНА ЗНАМЕ НА АЛБАНИЈА“

Знамето на Албанија не е само парче ткаенина обоено во црвено и црно – тоа е зборлив симбол, жив доказ за историјата, културата и духовноста на еден народ. Во неговото средиште се издигнува црниот двоглав орел, величествена птица која своите корени ги има во христијанското и византиското наследство.
Овој орел првпат блеснал во сјајот на Византиското Царство, каде го симболизирал единството на земното и небесното, силата на царот и моќта на Црквата. Двете глави, свртени кон исток и кон запад, сведочеле за стремежот кон духовна и политичка власт над двата света. Таа византиска и христијанска икона длабоко се врежала и во албанските земји, кои со векови биле дел од истата цивилизациска сфера.
Во 15 век, орелот повторно ја распослал својата сенка над Балканот преку делото на најголемиот албански херој – Скендербег (Ѓерѓ Кастриот). Тој го подигна своето востание против Османлиите под едно знаме: црвено поле со црн двоглав орел. Тоа знаме беше повик кон слобода, сведоштво за христијанската традиција на неговиот народ и оружје во духовната и воената борба против исламизацијата. Орелот стана печат на непокорот.
Иако по падот на албанските земји под османлиска власт знамето исчезна од јавноста, никогаш не згасна во душата на народот. Се пееше во песни, се чуваше во преданија, се пренесуваше како искра низ генерации. И кога во 1912 година Албанија конечно ја прогласи својата независност, тоа беше токму орелот на Скендербег кој повторно гордо се издигна.
Денес, албанското знаме е многу повеќе од национален симбол – тоа е мост кон минатото, сеќавање на христијанските корени и византиската традиција, но и огнено сведоштво за борбата за слобода. Двоглавиот орел е симбол на една вечна порака: народ што ја памети својата историја никогаш нема да биде покорен.
ИЗВОР: ЦРКОВЕН ЖУРНАЛ



