Избор на уредникотМакедонијаТоп

ДУИ, криминалците и зголемените плати на функционерите, тројцата „џелати“ кои го „убија“ СДСМ

После првиот круг на претседателски избори повеќе од јасно е дека СДСМ оди во опозиција. Иако постојат теоретски практично и да нема шанси партијата да остане на власт, а Стево Пендаровски да биде реизбран за Претседател.

Единствено што оваа некогаш најмоќна партија може да направи е да се бори за опстанок. Несомнено брендот „СДСМ“ е силен а уште посилна е инфраструктурата што партијата ја има изградено низ цела Македонија, но тоа во никој случај не и гарантира дека ќе може да опстане и да биде влијателна. Она што треба да го направи раководството по овој пораз, е да ги увиди грешките, да ги признае и да не ги повторува.

Во текот на нејзиното постоење СДСМ неколку пати беше спасена од сигурна политичка смрт, но по се изгледа, дека сега е најблиску до нејзино маргинализирање од политичката сцена на Македонија и доколку ги повтори грешките сигурно дека тоа и ќе се случи.

Прво врз лошите резултати на СДСМ можеби најмногу влијаеше бахатото однесување на нивниот коалиционен партнер ДУИ заедно со сите нејзини функционери. Во изминативе седум години односите помеѓу овие две партии беше како однос помеѓу газда и измеќар. Од нефункционалниот и антидржавен закон за двојазичност па се до, тепањето на полицајаката од „пајакот“, играњето фудбал по министерства и насилниот упад во М-НАВ, ДУИ во стилот на средновековен бажибузлук, во секоја прилика укажуваше кој е газда во државата. Нешто што оваа политичко раководство на СДСМ, но и претходните лидери на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ неможеа или не сакаа да сфатат е фактот дека бахатото однесување на ДУИ не се одразува врз таа партија туку врз нивниот коалиционен партнер. Па така Али Ахмети успеа да направи политички мртовци, од Груевски, Бучковски и Црвенковски, а по се изгледа дека Димитар Ковачевски за брзо ќе се придружи кон ова за македонската држава несреќно друштво.

Но СДСМ не само што не успеа да се справи со некои криминалци од ДУИ, таа не расчисти ни со криминалот од претходната владејачка структура. И не само што не расчисти туку стана и нивни ортак. Ова но и нерасчистувањето со партизацијата, корумпираното судство, неефикасната администрација, најмногу влијаеше врз нивните симпатизери да се откажат од партијата, а што е и најтрагично и да заминат од државата.

Со зголемувањето на платите на функционерите за неколку илјади евра, раководството на СДСМ дефинитивно мотивира десетици илјади граѓани да гласаат против властта. Премногу беа смешни и ступидни коментарите дека тоа е одлука на судот и дека тие како партија не можат ништо да направат. Граѓаните знаат дека, тие, функционерите односно поголемиот дел од нив се најпаразитскиот дел од општеството, луѓе кои најчесто освен партиска послушност не се способни за ништи друго. Па така народот во никој случај не можеше рамнодушно да го прифати понижувањето кое власта му го направи со покачувањето баш на нивните плати.

Милан Милиќевиќ

 

 

Поврзани вести

Back to top button