Избор на уредникотСветТоп

Дрецун: Со членство на Косово во ОН на Македонија и Црна Гора им се заканува распаѓање

Новинарот, тв-водителот и военополитичкиот аналитичар, кој сега е актуелен пратеник и претседателот на Одборот за Косово при Собранието на Србија, Милован Дрецун, предупредил во јавен настап на РТС, дека концептот на „Голема Албанија“, чиј камен-темелник е независноста на Косово, се реализира, а со тоа во опасност е доведен територијалниот интегритет на Македонија и Црна Гора. Ако, Косово стане членка на ОН, и добие меѓународен правен субјективитет, Дерцун смета дека никој не би го спречил завршувањето на проектот „Голема Албанија“, а тоа ќе значи и распаѓање за Македонија и Црна Гора !?

Дерцун смета дека е грешка ако Црна Гора и Македонија мислат дека членството во НАТО е сигурна одбрана од големоалбанските претензии. Тој посочил дека македонските власти биле принудени да реагираат на неодамнешната провокација на Курти при посетата на Тетово и Чаир и иконографијата со карта на „Голема Албанија“.

Дрецун подвлекол и дека на Косово се брани територијалниот интегритет и опстанокот на  Македонија, како и на Црна Гора.

Кој не разбира дека залагањето за независност на Косово го отвора патот за реализација на концептот за „Голема Албанија“, е во голема заблуда, анализира Дрецун.

Поврзани вести

Back to top button