Драма во Виена: Хрват поради Србинка, за малку ќе го убиел љубовникот Босанец
Во Виена во понеделникот се одиграла вистинска драма во која учествувале тројца државјани од поранешна Југославија – Хрват, Србинка и Босанец. Имено мажот по потекло од Хрватска брутално ја претепал поранешната сопруга по потекло од Србија и замалку ќе го убиел нејзиниот љубовник кој бил Босанец.
Како што јавуваат австриските медиуми 51 годишниот Хрват дошол пред вратата на својата поранешна сопруга 35 годишната Србинка и долго и тропал пред да му отвори.
Но, љубоморниот поранешен сопруг, веднаш по влегувањето во стан, го извлекол ножот и се нафрлил на жената, пишуваат австриските медиуми.
Несреќната жена успеала да побегне, но напаѓачот открил дека зад една од вратите се крие љубовникот на неговата поранешна сопруга, а тоа бил 40 годишен Босанец.
Хрватот потоа го нападнал со нож Босанецот и нанел убодна раба во пределот на рамото, а потоа тргнал кон поранешната сопруга, која ја повлекол за коса и брутално ја претепал.
Босанецот во паника ја оставил својата љубовница на милост и немилост на агресивниот поранешен сопруг и побегнал од станот на вториот кат од зградата од каде повикал полиција.
Полицијата брзо го уапсила напаѓачот и го пронашла ножот кој Хрватот го фрлил откако излегол од станот.