Македонија

Драма во тетовско: Откако одбиле да имаат секс за 50 евра две девојки завршиле заклучени и полово нападнати

СВР Тетово поднесе кривична пријава против К.А. (27) од Косово и против непознато лице поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „противправно лишување од слобода“.

Завчера во 04.30 часот додека Д.М. (29) од Подгорица, Р. Црна Гора и К.Ц. (20) од Кичево излегувале од угостителски објект лоциран покрај патот за с. Брвеница, биле пресретнати од пријавените.

Истите им понудиле 50 евра да отидат со нив во нивниот стан, а откако ги одбиле, насилно ги однеле во стан каде ги држеле заклучени обидувајќи се да извршат полови дејствија врз нив.

Поврзани вести

Back to top button