ЖивотИзбор на уредникотТоп

Доживеала клиничка смрт, па се вратиле во живот, млада жена го раскажа своето необично искуство

Сара Гуд (44) доживеала клиничка смрт и го раскажала своето искуство. Тоа донекаде се вклопува со искуството на многу други луѓе кои доживеале клиничка смрт, но нејзината приказна се разликува од останатите поради емоциите. Имено, додека повеќето кои имале искуство на клиничка смрт раскажуваат дека на „другата страна“ почувствувале неверојатно блаженство и поврзаност со своите драги покојници, Сара во моментите кога била клинички мртва почувствувала силна поврзаност со нејзината ќерка која страдала и се молела нејзината мајка што побргу да се врати дома.

„Имав прилично тешко детство. Првото момче го запознав кога имав 15 години и поради сега се иселив од дома. Но, таа врска беше многу токсична од самиот почеток“, раскажала Сара за британски Експрес.

Признала дека почнала да користи и супстанци кои создаваат завсиност. Продолжила со лошиот начин на живот дури и кога се вработила, но водела сметка надредените никогаш да не ја фатат.

Покрај тоа што била во хаотична емотивна врска, Сара боледувала од Кронова болест, што дополнително ѝ го отежнувала животот.

Во тој период, нејзиниот тогашен партнер и нејзиниот татко купиле фарма, па таа од Лондон се преселила во Велс.

Меѓутоа, доживеала голема несреќа. Го скршила ‘рбетот, а тоа само ги влошило симптомите на болеста.

Лекарите ѝ препишале повеќе лекови, но Сара во 2015 година завершила на интензивна нега со сериозно воспаление на белите дробови и со сепса. Животот ѝ висел на конец.

„Цело време додека бев на апарати, имав чувство како да лебдам меѓу животот и смртта. Во тие денови доживеав искуство на блиска смрт. Се сеќавам дека седев покрај базенот, тука покрај мајка ми која имаше починато две години претходно. Сонцето ми ја милуваше косата, се чувствував целосно блажено. Помислив дека би можела да останам таму засекогаш, но мајка ми се сврте, ме погледна и ми кажа дека има уште многу нешта кои треба да ги направам во животот. Тогаш пред очите ми се покажа ликот на мојата ќерка. Следното нешто на кое се сеќавам беше чувството како некој да ме фрла во вода“, го споделила Сара своето искуство.

Тоа што го доживеала вели дека засекогаш ѝ го променило животот.

Поради тоа одлучила во иднина да им помага на жените да се поврзат со своето внатрешно битие, со емоциите и со духовноста.

Поврзани вести

Back to top button