Свет

Дилери од Косово уапсени во Тирана со 10 илјади таблети екстази, ги продавале на плажа (ВИДЕО)

Група од 5 лица синоќа се уапсени од полицијата во Тирана, осомничени дека продавале дрога во различни кафеани во главниот град на Албанија и на плажите на крабрежјето.

Осомничените биле под посебни истражни мерки неколку месеци, под сомнение дека подолг период продавале дрога и на просторот на поранешното познато маало во Тирана, Блок. Двајца од уапсените се државјани на Косово.

Се дознава дека полицијата запленила 10.000 дози екстази. Уапсените се: Митхат Рамадани, Бесник Мујечи, Калем Пицари, Амбра Мифтари и Даниел Авдија.

На екстази таблетите било отпечатено логото „Луј Витон“. Според проценките, една доза се продавала за 30-50 евра и целата сума доколку би била пуштена на пазарот би вредела околу 500 илјади евра.

Поврзани вести

Back to top button