Свет

Џихадистите во масовна потрага по мистериозната Русинка: Откако исчезнала, авионите жестоко ги бомбардирале

Џихадистите на Исламската држава по секоја цена е обидуваат да пронајдат поранешна сопруга на еден нивен член, затоа што откриле дека таа всушност била шпион.

Локални извори од ирачкиот град Мосул тврдат дека Исламската држава е во интензивна потрага по жена со име Ум Хафса која што живеела меѓу џихадистите и никој од нив не се посомневал дека таа всушност е шпион кој им открива разни информации на ирачките разузнавачки служби.

Според достапните информации, се знае дека Ум Хафса е Русинка, но сепак никој не го знае нејзиното вистинско име. Исто така, непознати се врските кои што таа ги имала со ирачките разузнавачки служби.

„Беше омажена за џихадист и живееја во Мосул се додека еден ден таа едноставно не исчезна заедно со уште три жени, кои што исто така живееја меѓу џихадистите“, открил добро информиран извор, пренсуваат локалните ирачки медиуми.

Според истите извори, џихадистите на Исламската држава уапсиле десетина лица за кои што се сомневале дека се во контакт со неа.

Терористите сфатиле дека таа всушност е шпион откако го напуштила станот само еден час пред коалициските авиони да се појават над небото на Мосул и да започнат жестоко да ја бомбардираат нејзината куќа и сите околни куќи за кои што таа наводно им ги испратила координатите.

Кога милитантите ги испрашале преживеаните после големиот воздушен напад на ирачката војска, дознале дека Ум Хафса ги предупредила сите цивили дека ќе бидат бомбардирани нивните куќи и им рекла итно да ги напуштат своите домови. Таа ги предупредила буквално сите, освен, џихадистите.

Поврзани вести

Back to top button