Свет

Џихадистите продаваат жени преку мобилен: Имаат база од 3 илјади секс-робинки

Џихадистите на Исламската држава формирале база на податоци за јазидските жени кои што ги чуваат во сексуално ропство и истите ги продаваат на заинтересираните клиенти преку специјална мобилна апликација. Некои од жените кои што успеале некако да побегнат, како и језидски активисти изјавија за новинската агенција “AP” дека во базата со податоци на џихадистите има фотографии од над 3 илјади жени со имињата на нивните „сопственици“, а доколку некој се обиде да ги ослободи овие секс-робинки, џихадистите веднаш го убиваат.

jezid zena

Според нивните зборови, екстремистите со помош на мобилна апликација ги продаваат и купуваат робинките. Језидски активисти, чии што жени и деца се заробени од страна на борците на ИСИС, на новинарите од “AP” им покажале еден од огласите на арапски јазик, кој нуди 12 годишно девојче по цена од 12,500 долари. Језидите се припадници на стара курдска секта и живеат на северот на Сирија и Ирак.

Нивната посебна религија која што има елементи и од христијанството и од исламот, од страна на сунитската Исламска држава се смета за еретичка. Во Ирак пред да започне војната живееле околу половина милион Језиди, но нивниот број драстично се намалил и сега е непозат.

Исламистите во август 2014-та година киднапирале повеќе илјади језидски жени и деца, а некои криумчари од тогаш во еден ден успевале да ослободат дури по 134 робинки. Бројот на ослободените според податоците на курдските власти во Ирак, во последните неколку седмици паднал на 39 лица дневно.

Исламската држава сега пак, губи територии кои до неодамна беа под контрола на џихадистите, односно беа во рамките на самопрогласениот Калифат, но со оглед на тоа што трговијата со секс-робинки им носи огромна заработка, тие и натаму не се откажуваат од овој „бизнис“ и со сите сили се обидуваат да го одржат.

Надија Мурад, една од девојките кои што успеале да побегнат неодамна се појави пред американскиот Конгрес и Европскиот парламент и ја повика меѓународната заедница да интервенира и да им помогне на сексуалните-робинки во Сирија и Ирак.

„Исламската држава е горда на тоа што им го направи на Језидите“, беа зборовите на Надија Мурад. „Џихадистите ги користат жените како живи штитови и забрането им е да си одат. Каде е светот да реагира во врска со тоа“, изјави Мурад пред пратениците на Европскиот парламент.

Курдските локални власти во Ирак им помагале на сиромашните језидски семејства кои на криумчарите им плаќале и по 15 илјади долари за да ги ослободат нивните роднини, но сега веќе за тоа немаат средства затоа поради големата економска криза која што настана со падот на цената на нафтата и генерално војната против радикалните исламисти.

Поврзани вести

Back to top button