Џихадистите продаваат робинки преку Фејсбук
Исламската држава користи Фејсбук за продажба на сексуални робинки на џихадистите, а цената зависи од “понудата и побарувачката”.
Фотографиите од девојки на возраст од 18 години, се поставени на Фејсбук групи на милитантот Абу Асад Алмани.
“За сите браќа кои размислуваат за купување на роба, ова е 8.000 долари”, пишува Алмани во пораката од 20. мај. Истиот човек наводно објавил и друга фотографија неколку часа подоцна, на која имало млад расплакана девојка, пишува „Washington Post“.
“Втор роб, исто така 8.000 долари. Да или не?”, напишал тој во пораката.
На профилот дошло до расправии бидејќи некои барале “разумна цена”, други го навредувале изгледот на девојчињата, а некои го нападнале поради прикажување на жени кои немаат вел.
“Зошто е толку скапа? Да не знае некоја посебна вештина?”, напишал еден од неговите пријатели за жената на втората фотографија. “Не”, одговорил тој. “Понудата и побарувачката ја даваат таа цена”.
Фотографиите од неговиот профил Фејсбук ги избришал во рок од неколку часа, пренесува „Washington Post“.
Во август минатата година, ОН соопштиле дека дошле до копии од сексуален ценовник на ИСИС, наведувајќи дека џихадистите можат да добијат деца на возраст од 1 до 9 години за околу 165 долари, тинејџерки за 124 долари, и жени постари од 40 години за само 41 долар.
“Една девојка може да ја купат или продадат пет или шест различни луѓе. Понекогаш борците овие девојки ги враќаат кај своите семејства за откуп од неколку илјади долари”, рекол Заинаб Бангура, специјален претставник на ОН.