Живот

Девојките на избор за мис по заклетва на Библија дека не се сликале разголени

По двата скандала на изборот за мис на Зимбабве, организаторите на оваа манифестација одлучија дека во иднина сите натпреварувачки ќе мора да положат заклетва на Библијата дека не се фотографирале разголени, пренесува Макфакс.

„Ќе бидат задолжени да се заколнат со рака положена на Библијата при доаѓањето на натпреварувањето“, изјави Тенде Ширу од организацискиот одбор на изборот за најубава девојка на Зимбабве.

Првиот скандал се случи по изборот во 2014 година, кога дијадемата поради фотографии кои ја скандализираа јавноста ја загуби убавицата Табисо Пири. Потоа организаторите од натпреварувачките бараа да потпишат писмена изјава дека не позирале голи. Меѓутоа, и тоа не помогна, бидејќи разголените фотографии на победничката Емили Кашоте од 2015 година беа објавени на социјалните мрежи, за што се погрижи нејзиното напуштено момче.

„Од нашие кралеви и кралици бараме чесност и честитост“, вели Ширу и предупредува дека на победничката ќе ѝ бидат одземени сите почести, титулата и парите, доколку се утврди дека мамела.

Во Правилата за изборот на мис на Зимбабве сега е истакнато „Победничките на изборот на убавина ‘Мис на Зимбабве’, не смеат да се снимаат голи, ниту во професионални ниту во аматерски цели. Секои однесување оценето како аморално, е основа за итна дисквалификација и одземање на титулата“.

Изборот на убавицата на Зимбабве е особено карактеристично по тоа што се одвива под покровителство на сопругата на началникот на Генералштабот на вооружените сили, а финалето секогаш се одржува со присуство на војници. Приредбата се одржување во воен логор, каде што девојките се натпреваруваат во перење облека, подготвување оброци за старите лица и сирачињата, фудбал и во јавна дебата. Годинава финалето на изборот ќе се одржи во главниот град Хараре.

Поврзани вести

Види и...
Close
Back to top button