Живот

Ова го препорачува и Новак Ѓоковиќ : Мало чудо кое го зајакнува имунитетот

Спирулина се смета за еден од најстарите организми на планетата, а своето име го добила поради својот специфичен облик. Многу древни народи ја користеле оваа чудесна алга за лекување и зајакнување на организмот, а се чини дека спирулината е тајното орудие на најдобриот српски тенисер.

Оваа моќна алга претставува богат извор на бета каротен, белковини, дури 18 аминокиселини и витамини А, Б, Ц, Е и Д.

Иако звучи неверојатно, спирулината содржи повеќе протеини од месото, па поради тоа е идеална за вегетаријанците.
Многу истражувања покажале дека спирулината има големо влијание на човечкото здравје, особено на зајакнување на имунитетот, забрзување на метаболизмот, намалување на холестеролот и стабилизирање на нивото на шеќер во крвта и крвниот притисок.

„Моето тело секојдневно е изложено на разни предизвици-ментални, физички, чести промени на средината. Важно е да му помогнам на телото тој напор да го издржи на најдобар начин. Затоа, денот го почнувам со подготвување на оброк кој изобилува со хранливи состојки, витамини, минерали, антиоксиданси…Спирулината е многу важен елемент во мојата исхрана“, изјави Новак Ѓоковиќ за роденденското издание на „Блиц“.

Поради многуте благодети спирулината се нарекува и како „зелена крв“, а покрај тоа што го чисти организмот, истовремено ја зголемува енергијата, работната мотивација, го подобрува помнењето и ги ублажува стресот, анкциозноста и депресијата.

Повеќе за оваа неверојатна алга прочитајте во роденденското издание на „Блиц“.

Спирулината се смета за еден од најстарите организми на планетата Земја. Своето име го добила токму поради својот специфичен облик. Многу древни народи ја користеле оваа чудесна алга за лекување, но и за зајакнување на организмот. И Новак Ѓоковиќ, светскиот шампион ги откри благодетите на спирулина и токму поради тоа ја избра оваа тема во роденденското издание на „Блиц“.

Новак вели : „Моето тело секојдневно е изложено на разни предизвици-ментални, физички, чести промени на средината. Важно е да му помогнам на телото тој напор да го издржи на најдобар начин. Затоа, денот го почнувам со подготвување на оброк кој изобилува со хранливи состојки, витамини, минерали, антиоксиданти…Спирулината е многу важен елемент во мојата исхрана. Затоа би сакал и вам да ви ја претставам“.

По зборовите на нутриционистката и диететичарка Милка Раичевиќ, спирулината особено се препорачува на спортистите, бремените жени, но и на лицата со ослабен имунолошки систем.

-„Во многу студии е потврдено дејството на спирулина за подобро општо здравје. Препорачливо е секако да се консумира и како превентива за да зајакне имунитетот. Поранешни алкохоличари, но и пушачи би требало да ја консумираат за да направат детоксикација од наталожените отрови“, објаснува соговорничката.

Благодети на спирулина :

– Го подобрува имунитетот
– Одличен природен антиоксиданс
– Ја подобрува работата на дигестивниот тракт
– Ја воспоставува Ph-рамнотежата во организмот
– Го регулира крвниот притисок
– Воспоставува хормонална рамнотежа
– Го намалува холестеролот
– Го намалува чувството на на глад и го редуцира инсулинот
– Ги елиминира тешките метали од организмот
– Претставува еден од најдобрите хранливи природни додатоци.
– Спирулина за силен имунитет.

Поради многуте благодети спирулината се нарекува и како „зелена крв“, а покрај тоа што го чисти организмот, истовремено ја зголемува енергијата, работната мотивација, го подобрува помнењето и го ублажува стресот, анкциозноста и депресијата.

Денес е можно да се најде и органска спирулина, но и во разни облици : таблети, прав, капсули, па дури и снегулки.
Поради своето неверојатно дејство за организмот, спирулината се препорачува и за бремени жени, доилки и за деца, но дозата се одредува во склад со возраста и тежината.

Интересно е што спирулината има четири пати посилно дејство од боровница, а исто така, е водечки извор на гама линоленска киселина (GMA), моќен природен агенс против воспаленија.

Поврзани вести

Back to top button