Избор на уредникотМакедонија
Денес тестирани 327 луѓе во Систина, од кои дури 54 се позитивни на коронавирусот
Со зголемувањето на интензитетот на тестирањата со т.н. брзи тестови, се зголеми и бројот на позитивни резултати. „Аџибадем Систина“ позитивните ги препраќа во Институтот за јавно здравје, да се проверат со молекулани тестови, доколку сакаат, објави Плусинфо.
Денеска (1 април) во Клиничката болница „Аџибадем Систина“, со т.н. брзи серумски тестови од холандско производство, се тестирани 327 луѓе, од кои дури 54 се позитивни.
Претходно, за четири дена, од 28 до 31 март, во Клиничката болница „Аџибадем Систина“, беа тестирани вкупно 485 луѓе, од кои 34 беа позитивни. Во првите четири дена само 20 отсто од тестираните биле со зголемена температура и со симптоми за инфекција.