СветФото

ВИДЕО: Полицајката Александра застанала на брегот да се слика брановите ја однеле

Младата полицајка Александра Олешчук (20) исчезна во неделата во Црното Море во близина на украинскиот град Одеса. Александра ја одвлече голем бран во разбрануваното море кога застана на брегот да се фотографира. Хоророт е снимен со камера, додека локалните медиуми јавуваат дека телото на девојката  се уште не е пронајдено.

Никој од присутните не се осмели да и помогне навреме бидејќи брановите беа превисоки и силни.

– Сакаше да се фотографира на пристаништето како спомен од нејзиниот престој во Одеса. Првиот бран ја собори од нозе, а вториот ја однесе во морето… Во тек е потрагата по телото во која учествуваат нуркачи на Државната служба за вонредни состојби,  соопшти украинската полиција, а пренесуваат украинските медиуми.

 

Олешук дипломирала на Државниот универзитет за внатрешни работи Лавов во април минатата година и била локален полицаец на полициската управа на округот Ривне.

Според извештаите на локалните медиуми, Олешчук дошла во Одеса на одмор ден пред трагедијата.

Поврзани вести

Back to top button