Избор на уредникотМакедонијаТоп

Чаирчанец Блерим Дачи е убиениот во синoќешното пукање во Приштина, имал дебело полициско досије (ВИДЕО)

Блерим Дачи бил ликвидиран синоќа во Приштина откако во неговото возило било пукано од друго возило со калашников. Возилото од кое било пукано е најдено запалено на патот кон Грачаница, а внатре полицијата нашла два калашникови, јавуваат косовските медиуми.

Возилото на Дачи било со македонски регистарски ознаки, СК 7711 БК.

Инаку, Дачи на полицијата и во Македонија и во Косово е познат по трговија со дрога, обвинет за нелегално држење на оружје, повратник од боиштата во Сирија…

Косовска полиција синоќа соопшти дека едно лице е убиено во оружен инцидент што се случил во Приштина, Косово при што е убиено едно лице во автомобилот кој имал македонски регистарски таблички. Портпаролката на косовското Министерство за внатрешни работи за регионот на Приштина, Флора Ахмети, синоќа соопшти дека се случил оружен инцидент во главниот град на Косово и дека било пукано од калашников, а и дека има и едно загинато лице.

Полицијата го потврди случајот наведувајќи дека околу 20 часот примиле пријава за пукањето кое се случило на улицата „Ц“ во Приштина.

-Полицијата излезе на местото на настанот и од првичните информации добиени од лекарите од Итната медицинска помош, потврдено е дека едно лице е без знаци на живот, рече портпаролката Флора Ахмети, во изјава што ја пренесуваат повеќе медиуми во Косово.

Дел од порталите објави дека било пукано од калашников и оти во близина на местото на настанот е пронајдено запалено возило, но нема официјална потврда дека автомобилот е поврзан со убиството и пукањето.

Порталот „Индекс онлајн“ доцна синоќа објави и детали вклучително и индентитетот и фотографија од убиениот. Повикувајќи се на свои извори тие наведоа дека убиеното лице е со иницијали Б.Д., имал лажни документи кои ги користел и гласеле на име Блерим Шабани. „Индекс онлајн“ пишува дека неговото тело било пронајдено во неговиот автомобил што е со регистарски ознаки од Република Северна Македонија.


Фото: Бота Сот

Поврзани вести

Back to top button